...

Шри Ланка Експедиција

stu 15, 2023Пакет аранжмани, Шри Ланка

Откријте Шри Ланка, бисер на Индискиот океан! Нашата авантура ве води низ весел остров полн со неверојатни палати, антички градови, будистички храмови и живописни џунгли. Искусете чарите на зачински градини и плантажи на чај, пробајте оригинален Ceylon чај и споделете магични моменти со слонови што слободно се шеткаат по улиците.

Шри Ланка, сместена во Индискиот океан, нуди прекрасни плажи, изобилна природа и длабока традиција. Придружете ни се во експедиција низ џунглите, посетете будистички храмови и уживајте во берењето на чај, хранењето на слонови, плажни масажи, сурфање и уште многу необични искуства.

Започнуваме во Негомбо на плажа, продолжуваме кон резерват за слонови во Пинавала, искачуваме се до лавовската карпа во Сигирија и ги посетуваме храмовите во Дамбула. Патуваме низ плантажите во Кенди, го истражуваме ботаничкиот великан Пераденија и ја посетуваме кулата Амбулувава. Следат најубавите плажи во Хикадува и рибарското село Велигама.

Не пропуштајте уникатната прилика да го истражите Шри Ланка, каде секој момент е приказна за себе!

Пакет програма

Ден 1: Состанок на патниците и поаѓање

Состанок на патниците на Mеѓународниот Aеродом во Скопје два часа пред лет. Лет од Скопје за Истанбул. Пристигнување во Истанбул. Конекција на лет за Коломбо (Colombo).

Превоз

Авио билет со сите такси на релација Скопје – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

Скопје

Истанбул

Ден 2: Пристигнување на Шри Ланка

Лет од Дубаи за Коломбо, Шри Ланка. Пристигнуваме во Коломбо во утринските часови. Добредојдовте во земјата на вкусови, бивши Сејлон, денешна Шри Ланка, земјата на чаеви, скапоцени камења, насмеани луѓе и неверојатна природа, Будизам, слонови, уникатни места заштитени од УНЕСКО, свила итн. Tрансфер до хотелот во Негомбо кој е лоциран на сама плажа. Можност за ран check-in, согласно расположливост на соби во сместувањето. Слободно време за одмор и релаксација. Доцна попладне, кратка прошетка низ Негомбо и ручек/вечера во некој од локалните ресторани, каде воедно нашиот претставник ќе го одржи информативниот состанок, а групата ќе има можност да се запознае меѓу себе и припреми за неверојатна и незаборавна експедиција!

 Превоз

Авио билет со сите такси на релација Истанбул – Коломбо (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Трансфер од аеродром до сместувањето во Негомбо

 Сместување

Hotel J Negombo 1 ноќ

 Место

Коломбо (Colombo)

Негомбо

Ден 3: Пинавала - резерват за слонови

По појадокот имаме трансфер од Негомбо до Пинавала. Посета на резерват за слонови каде ќе уживате во дружењето со овие препаметни животни. Посетителите на ова село најчесто имаат прилика да ги хранат слоновите и да ги набљудуваат додека се капат во локалната река. Во Пинавала, постои можност, Вие самите да капете слон – прилика да направите неверојатни фотографии и спомени. Трансфер од Пинавала до Сигирија. Се сместуваме во нашиот хотел и имаме слободно време. Вечерта одиме во пре-кул ресторан и бар кој го чуваме како тајна уште од 2021 година, кога го откривме… 🙂 Ноќевање.

Превоз

Трансфер на релација Негомбо – Пинавала – Сигирија

Сместување

Flower Garden Eco Village 1 ноќ

Место

Негомбо

Сигирија

 Храна

Континентален појадок × 1

 Факултативни излети

Шри Ланка Експедиција Пакет Излети 

Ден 4: Сафари во националниот парк Минерија

Авантурата ја започнуваме рано наутро! Одиме со сафари џипови до Националниот парк Минерија – дом на голем број животински видови, елени, леопарди, мрзливци, бизони, крокодили, мечки, чакали и секако слонови! Ова место е познато по миграцијата на овие прекрасни, големи суштества, а во овој национален парк живеат дури 700 слонови! По сафарито, одиме во посета на локално село, ја запознаваме локалната култура и селскиот живот, додека уживаме во приказните прераскажани од локалното население и вкусовите на локалните специјалитети – кари, пржен ориз и нудли, чатни од манго, сос од кокос и многу повеќе. По денот исполнет со магични активности се враќаме во нашето сместување

Сместување

Flower Garden Eco Village 1 ноќ

Место

Сигирија

Храна

Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Шри Ланка Експедиција Пакет Излети 

Ден 5: Сигирија

По појадокот се упатуваме кон Сигирија – лавовската карпа, камена тврдина со неверојатно културно наследство од античкиот период која е под заштита на УНЕСКО, еден од highlight-ите на Шри Ланка и едно од најуникатните места на #ЦелСвет кои го одземаат здивот. Правиме одлични фотографии под карпата, а потоа, се качуваме на врвот на истата. Од доле до врвот има 1200 скали, а качувањето трае околу 2 часа, во зависност од вашата кондиција, возраст и гужва на самиот локалитет. Од Сигирија, продолжуваме за Дамбула, каде ги посетуваме 5-те храма во пештера и Златниот Храм. Авантурата продолжува до Кенди. На пат до Кенди, правиме тура низ плантажа (градина) со зачини и билки. Пристигнуваме во Кенди и се сместуваме во хотел. Вечерта, заедно со нашиот претставник правиме прошетка низ Кенди и седнуваме во некое ресторанче на вечера. Ноќевање.

Сместување

Blinkbonnie Inn 1 ноќ

Место

Сигирија

Кенди (Kandy)

Храна

Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Шри Ланка Експедиција Пакет Излети 

Ден 6: Кенди

Потенцијално се будиме од звуци на мајмуни кои се шеткаат на нашите тераси 🙂 Кенди е град во самото срце на островот, опколен со џунгла, а еден од неговите главни жители се макаки мајмуните. Со овие познати “палавковци“ се дружиме скоро секој ден. По појадокот, одиме на обиколка низ Кенди – локалниот пазар, градскиот плоштад, прошетка околу езерото итн. По прошетката во градот, одиме во посета на ботаничката градина Пераденија која е впрочем и најубавата ботаничка градина во Шри Ланка. Посетуваме и фабрика (и музеј) за обработка на скапоцени и полу-скапоцени камења. Денот го продолжуваме кон кулата Амбулувава – уште еден highlight на Шри Ланка, каде правиме неверојатни спомени и фотографии. Oд билетарницата, до самата кула се возиме со тук-тукови, кои за време на експедицијата низ Шри Ланка ни станува регуларно превозно средство. Качување на кулата не се препорачува на луѓе кои се плашат од висина 🙂 Се враќаме во Кенди. Вечерта го посетуваме Храмот на Светиот Заб на Буда – едно од најсветите места на Будистите во #ЦелСвет. Ноќевање.

Сместување

Blinkbonnie Inn 1 ноќ

Место

Кенди (Kandy)

Храна

Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Шри Ланка Експедиција Пакет Излети 

Ден 7: Нувара Елија

По појадокот имаме трансфер од Кенди до Нувара Елија. По пат, застануваме и посетуваме плантажа и фабрика за чај – Damro Labookellie Tea Plantation. Неверојатни глетки. Во Нувара Елија ја посетуваме розевата пошта, која е заштитен знак на ова мало градче. Од Нувара Елија, се качуваме на воз и се упатуваме за Ела. Ова е една од најживописните линии со воз на #ЦелСвет која трае од 3.5 до 4 часа. Плантажи со чаеви, мали селца, џунгла, живописни мостови и тунели, водопади, планини… Авантура која никогаш нема да ја заборавите. Пристигнуваме во Ела. Градче лоцирано на 1000 метри надморска височина, опколено со планини, џунгла и водопади. Се сместуваме во нашиот хотел. Вечерта се симнуваме во центарот на градчето каде има неколку кул кафичи, а еден од нив, никогаш не затвара – работи 24/7. 

Сместување

Rawan Face Hotel 1 ноќ

Место

Кенди (Kandy)

Ела

Храна

Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Шри Ланка Експедиција Пакет Излети 

Ден 8: Хајкинг до Адамовиот врв, мостот со 9 сводови и водопадите Равана

По појадок одиме да планинариме до Малиот Адамов врв. Патеката воопшто не е тешка, а не води низ плантажи со чај, џунгла и преубава природа. Потоа, се спуштаме до мостот со 9 сводови – еден од најфотографираните местови на светот и нешто што може да се види на повеќето разгледници од Шри Ланка. Доколку стигнеме на време, ќе имаме шанса да го фотографираме мостот додека воз поминува по него. Патот го продолжуваме до водопадот Равана – преубав водопад кој го носи името по лошиот демон Равана кој по Рамајаната, во пештера позади овој водопад ја криел кралицата Сита. Враќање во сместувањето во Ела. Ноќевање.

Сместување

Rawan Face Hotel 1 ноќ

Место

Ела

Храна

Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Шри Ланка Експедиција Пакет Излети 

Ден 9: Хикадува (Hikkaduwa)

Трансфер од Ела до Хикадува. Сместување во хотел. Слободно време за плажа и активности поврзани со плажа (пр. Часови по сурфање). Ноќевање.

Сместување

Royal Beach Hotel 1 ноќ

Место

Ела

Хикадува (Hikkaduwa)

Храна

Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Шри Ланка Експедиција Пакет Излети 

Ден 10: Градот Гал и плажата Мириса

Ден резервиран за посета на јужниот и југозападниот брег на Шри Ланка. Првата станица ни е градот Гaл (Galle), кој го краси Холандска архитектура и безброј мали уметнички галерии и тивки кафичи. Од Гал, патот го продолжуваме кон Мириса, еднa од најубавите плажи на Шри Ланка. Во близина на плажата Мириса, го посетуваме и “Coconut Tree Hill” – уште еден highlight на Шри Ланка кој може да се види на многу разгледници од оваа држава. На крајот на денешната целодневна авантура го посетуваме и заштитниот знак на Шри Ланка – рибарите во селото Велигама, кои ловат роби седејќи на стапови, сред море. Враќање во Хикадува. Ноќевање.

Сместување

Royal Beach Hotel 1 ноќ

Место

Хикадува (Hikkaduwa)

Храна

Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Шри Ланка Експедиција Пакет Излети 

Ден 11: Хикадува и рудник за месечев камен

Авантурата ја почнуваме во рани зори :). Одиме на возење со катамарани по зелената лагуна. Се восхитуваме на природата на ова место. Потоа, посетуваме познат Будистички храм кој е достапен само преку езерото. Од таму, се упатуваме кон рудник за скапоцениот камен Moonstone (месечев камен), по кој Шри Ланка е надалеку прочуена. Овој скапоцен камен може да се најде само на ова место, тоест, овој рудник е единствен природен извор на Moonstone на целиот свет. Во близина, посетуваме и фарма на желки која се наоѓа во близина на Хикадува. Средбата со овие преубави суштества сигурно ќе ве расположи. На враќањето ќе имаме шанса да го посетиме огромниот споменик кој Јапонија го има подигнато на местото каде што цунами има превртено воз пред неколку години, во кој се наоѓале преку 300 луѓе. Од таму, денот го завршуваме на уште една прекрасна плажа на Шри Ланка – Унаватуна. Уживаме во брановите и златното зајдионце. Враќање во Хикадува. Трансфер до аеродромот во Коломбо доцна навечер.

Сместување

Royal Beach Hotel 1 ноќ

Место

Хикадува (Hikkaduwa)

Храна

Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Шри Ланка Експедиција Пакет Излети 

Ден 12: Последен ден на нашиот нов омилен остров!

Утрото го започнуваме со прошетка по рибниот пазар и локалното село. Гледаме како живее локалното население, какво е нивното секојдневие и кој е рецептот за широките насмевки кои ги красат овие луѓе. За вечера одиме во нашиот омилен ресторан за морска храна — дегустираме разни свежи морски плодови, уживаме во магичното зајдисонце и пиеме ладно локално пиво со 8.5% алкохол.

Сместување

Royal Beach Hotel 1 ноќ

Место

Хикадува (Hikkaduwa)

Храна

Континентален појадок × 1

Ден 13: Пристигнување и крај на патувањето

Во раните утрински часови се одјавуваме од нашиот хотел и имаме трансфер до аеродромот во Коломбо. Лет од Коломбо за Скопје, со преседнување во Истанбул. Пристигнување во Истанбул. Конекција на лет за Скопје. Пристигнување во Скопје. Крај на експедицијата на Шри Ланка.

Превоз

Трансфер од сместувањето до аеродром

Индивидуален авио билет со сите такси на релација Коломбо – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул – Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

Хикадува (Hikkaduwa)

Коломбо (Colombo)

Истанбул

Скопје

Храна

Континентален појадок × 1

Дополнителни информации

Поаѓања и цени
  • Поаѓање5. 2. 2024.
  • Враќање 17. 2. 2024.
  • Денови – 13

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.

Што е вклучено - Сместување
Превоз
  • Авио билет со сите такси на релација Скопје – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Авио билет со сите такси на релација Истанбул – Коломбо (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето во Негомбо
  • Трансфер на релација Негомбо – Пинавала – Сигирија
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Коломбо – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул – Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Храна
  • 11 × Континентален појадок
Не е вклучено
  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Шри Ланка која изнесува 50$

Преземете го аранжманот во PDF

Резервирајте го вашето патување во Рим

15 + 10 =

Бидете први што ќе дознаете за нашите поволности

Придружете се на група ентузијасти за патување и еднаш месечно ќе ве известуваме за придобивките што можете да ги добиете!

Откако ќе се приклучите, ќе добиете личен мејл од нашиот сопственик Зоран!

Успешно се придруживте

Pin It on Pinterest

Share This
Seraphinite AcceleratorBannerText_Seraphinite Accelerator
Turns on site high speed to be attractive for people and search engines.