...

Бали во Мај

by velj 22, 2024Бали

Пакет програма

Seminyak 19-24.05.2024 Ubud 24-26.05.2024

Бали нуди богатство на искуства, прекрасни плажи со кристално чиста вода, бујни оризови полиња и разни културни традиции. Посетителите можат да истражуваат древни храмови, да уживаат на песочните плажи, или да се шетаат низ уличките на Убуд. Балиското кулинарско мени ги заситува чувствата со својата комбинација на зачини и свежи состојки, додека разните прошетки обезбедуваат бројни можности за авантура и опуштање во впечатливата природна убавина. Бали нуди незаборавно патување за патниците од сите видови.

 

18.05 СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ

 Состанок на групата 3 часа пред лет на аеродромот во Скопје и полетување за Истанбул во 20:20. Пристигнување во Истанбул 22:55. Пауза до летот за Бали.

19.05 ИСТАНБУЛ - ДЕНПАСАР

Лет за Денпасар, Бали во 01:55 и пристигнување во 19:15 локално време. Трансфер и check-in  во хотелот Puri Saron 4* Семињак.

20-24.05 Семињак

5 ноќевања во хотел Puri Saron 4* во Семињак со доручек. Групата поминува  4 дена  за уживање во песочните плажи, прекрасните барови на плажа…

24.05 Семињак-Убуд

По појадокот Check out и трансфер до хотелот во Убуд, со попатни екскурзии.

UBUD SWING TOUR (полудневна тура)

Посета на:

Alas Harum место каде што Цивет мачката го произведува најскапото кафе во светот. Тука се наоѓа и најпознатата лулашка над оризови полиња. Ќе имате можност да се прошетате низ оризовите полиња, да се напиете од Luwak кафето, и да уживате во прекрасните пејсажи.

https://alasharum.com/#

Monkey Forest едно од најголемите засолништа на мајмуни во Убуд, прошетка низ паркот, интеракција со мајмуните кои се научени да прават селфи со посетителите.

https://monkeyforestubud.com/

Tirta Empul Water Temple храм кој е познат по својата света изворска вода, и во којшто луѓето одат на ритуално прочистување наречено Мелукат.

25.05 - Убуд

Појадок во хотелот. Слободно време за истражување на градот Убуд.

26.05 Убуд-Истанбул

По појадокот Check-out од хотел и слободно време до трансфер до аеродром. Полетување во 21:25ч. Локално време.

Дополнителни информации

Во цената не е вклученo
  • Во цената е вклучено:

    – Авионски билет Скопје-Истанбул-Денпасар-Истанбул-Скопје со Turkish Airlines, вклучен багаж 23кг;

    – Аеродромски такси;

    – 5 ноќи со појадок во наведениот хотел во Семињак, 2 ноќи со појадок во наведениот хотел во Убуд ;

    – Трансфер Аеродром-Хотел-Аеродром, трансфер хотел Семињак-хотел Убуд;
    – Факултативни тури опишани во програмата;
    – Реализација и асистенција.  

    Цената не вклучува:

    • Туристичка виза за Бали 130€
    • Храна, пијалоци и услуги што не се споменати во програмата
    • Други индивидуални трошоци
    • Патничко осигурување
    • Сѐ што не е наведено во ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО.

Резервирајте го вашето патување на Бали! 

1 + 2 =

Бидете први што ќе дознаете за нашите поволности

Придружете се на група ентузијасти за патување и еднаш месечно ќе ве известуваме за придобивките што можете да ги добиете!

Откако ќе се приклучите, ќе добиете личен мејл од нашиот сопственик Зоран!

Успешно се придруживте

Pin It on Pinterest

Share This
Seraphinite AcceleratorBannerText_Seraphinite Accelerator
Turns on site high speed to be attractive for people and search engines.