Шри Ланка Експедиција
Откријте Шри Ланка, бисер на Индискиот океан! Нашата авантура ве води низ весел остров полн со неверојатни палати, антички градови, будистички храмови и живописни џунгли. Искусете чарите на зачински градини и плантажи на чај, пробајте оригинален Ceylon чај и споделете магични моменти со слонови што слободно се шеткаат по улиците.
Шри Ланка, сместена во Индискиот океан, нуди прекрасни плажи, изобилна природа и длабока традиција. Придружете ни се во експедиција низ џунглите, посетете будистички храмови и уживајте во берењето на чај, хранењето на слонови, плажни масажи, сурфање и уште многу необични искуства.
Започнуваме во Негомбо на плажа, продолжуваме кон резерват за слонови во Пинавала, искачуваме се до лавовската карпа во Сигирија и ги посетуваме храмовите во Дамбула. Патуваме низ плантажите во Кенди, го истражуваме ботаничкиот великан Пераденија и ја посетуваме кулата Амбулувава. Следат најубавите плажи во Хикадува и рибарското село Велигама.
Не пропуштајте уникатната прилика да го истражите Шри Ланка, каде секој момент е приказна за себе!
Пакет програма
Дополнителни информации
Поаѓања и цени
- Поаѓање – 5. 2. 2024.
- Враќање – 17. 2. 2024.
- Денови – 13
Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.
Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.
Што е вклучено - Сместување
- Hotel J Negombo Пример 1 ноќ
- Flower Garden Eco Village Пример 2 ноќи
- Blinkbonnie Inn Пример 2 ноќи
- Rawan Face Hotel Пример 2 ноќи
- Royal Beach Hotel Пример 4 ноќи
Превоз
- Авио билет со сите такси на релација Скопје – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Авио билет со сите такси на релација Истанбул – Коломбо (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Трансфер од аеродром до сместувањето во Негомбо
- Трансфер на релација Негомбо – Пинавала – Сигирија
- Трансфер од сместувањето до аеродром
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Коломбо – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул – Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Храна
- 11 × Континентален појадок
Не е вклучено
- Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
- Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
- Виза за Шри Ланка која изнесува 50$