...

Санторини за Велигден

by velj 21, 2024Грција, Пакет аранжмани

Пакет програма

Оваа прошетка мора да се доживее!

За Велигден ве водиме на прошетка на најромантичниот остров познат во целиот свет! 

Белиот остров – Санторини е симболичен по кикладската архитектура со бели коцкасти куќички, цркви со сини кровови и улици со калдрма. Се наоѓа на архипелаг на вулкански острови кој се издигаат над тиркизните води на Егејското море. Велигден на Санторини е магично искуство. Церемонијата во најсветото место Пиргос – каде на Велики петок по уличките на селцето се запалени огни и местото магично свети.

01.05 СКОПЈЕ - ПИРЕА

Тргнување од договореното место во Скопје во попладневните часови. Ноќно патување со автобус, со попатни паузи до пристаништето во Пиреа.

02.05 ПИРЕА - САНТОРИНИ

Пристигнување во Пиреа во раните утрински часови. Во 7:25 со брод се упатување и пловиме кон Санторини. Пристигнување на Санторини во 15:30. Трансфер до хотел со автобус и сместување во хотел Marybill 4*. Факултативна прошетка до градот Оиа, од каде што ќе го проследиме романтичниот залез на сонцето. Ноќевање.

03.05 САНТОРИНИ - Велики Петок

Појадок. Факултативна екскурзија со автобус низ островот. Посета на Акротири – археолошкиот град како дел од Минојската цивилизација. Посета на Црвената плажа, и слободно време за фотографирање). Имеровигли – место со најубавите пејзажи на Калдерата. Фиростефани – круна на главниот град Фира, посета на Фира и слободно време за прошетка/ручек. Во вечерните часови се упатуваме кон свечената прослава за празникот Велики Петок, на факултативна екскурзија во Пиргос (Пиргос-прошетка низ највисокото населено место на островот со 42 цркви, со амфитеатрална поставеност на пештерните куќи и сплет со неокласичната архитектура.

Посета на остатоците од најголемата Венецијанска тврдина на островот. Прекрасен панорамски поглед на Санторини и Егејското море со другите острови). Следење на свечената манифестација за Велики Петок. Го гледаме традиционалното кружење на свештените лица и хорот низ целото населено место. По завршување на манифестацијата, се враќаме во автобусот, во хотелот. Ноќевање.

04.05 САНТОРИНИ

Појадок. По појадокот заминување на факултативна екскурзија со брод на Калдера ( трансфер со автобус до новото пристаниште, продолжување со традиционален брод до островот Неа Камени (Новиот Вулкан), посета и пешачка тура по патеката до врвот на вулканот каде попат ќе ги видиме сите кратери, меѓу коишто највисокиот е активен). Слободно време за фотографирање. Екскурзијата продолжува до Palia Kameni (Паља Камени) – стариот вулкан. Слободно време околу 40мин за капење во термалните води. Екскурзијата продолжува до старото пристаниште под градот Фира. Искачување до градот Фира со магариња или жичара, слободно време во Фира. Враќање во хотел. Во 23:00 одиме во црква за церемонијата за почеток на Велигден. Ноќевање.

05.05 САНТОРИНИ - ВЕЛИГДЕН

Појадок. Факултативна прошетка посета на јужниот дел од островот (Мегалохори – прошетка низ тесните улички со традиционланата архитектура и пештерните куќи, Емпорио – пешачиме по калдрмските улички до Венецијанската тврдина.) Прошетка и посета на црната вулканска плажа на јужната страна на островот со слободно време за ручек. Можност за групна вечерна прошетка.

06.05 САНТОРИНИ - ПИРЕА

Појадок. Напуштање на хотелот. Факултативна посета на винарија и музејот кој што над 450 години традиционално произведува вино во вулканска пештера длабока 8 метри. Дегустација. Со автобус се упатуваме кон пристаништето. Поаѓање со брод кон Пиреа во 15:30. Пристигнуваме во Пиреа во 23:30. Ноќно возење кон Скопје со попатни паузи.

Дополнителни информации

Во цената не е вклученo
  • Факултативен излет OIA = 20 евра
  • Факултативен излет низ Санторини на 03.05 + Церемонија во Пиргос – 55 евра
  • Факултативен излет до Калдерата на 04.05 + градот Фира – 50 евра
  • Факултативен излет Мегалохори и Емпорио на 05.05 – 20 евра
  • Факултативен излет на винарија и музеј – 20 евра
  • Туристичка такса
  • Патничко осигурување

Резервирајте го вашето патување во Санторини

9 + 6 =

Бидете први што ќе дознаете за нашите поволности

Придружете се на група ентузијасти за патување и еднаш месечно ќе ве известуваме за придобивките што можете да ги добиете!

Откако ќе се приклучите, ќе добиете личен мејл од нашиот сопственик Зоран!

Успешно се придруживте

Pin It on Pinterest

Share This
Seraphinite AcceleratorOptimized by Seraphinite Accelerator
Turns on site high speed to be attractive for people and search engines.