menu

Туристичка агенција АМБАСАДОР

 

www.ambasador.com.mk

New Page 1


за нас


актуелно:
Крстосувања, јули 2010

лето 2010

авио
билети

конгреси

city break

контакт

menu







 

за нас

New Page 1

Туристичката агенција АМБАСАДОР е формирана во 1991 година, како една од првите приватни независни туристички агенции. Мотото на нашата агенција е комплетен туристички сервис, што значи нудење на висококвалитетни туристички услуги на нашите клиенти што е една од причините за нивното задоволство, доверба и континуирана соработка до денес.

Амбасадор ТА е членка на АТАМ од 1995 година, а во 2004 година се стекна со Лиценца А согласно законот за туризам на Република Македонија со број 206, издадена од Министерството за економија.
Своите долгогодишни клиенти ТА Амбасадор ги сервисира со својот висококвалитетен кадар, кој поседува сертификати ИАТА за меѓународен тикетинг како и дипломи за резервацискиот систем Амадеус, професионално познавање на светски јазици. Нашите вработени, меѓу другото се одликуваат со висок степен на професионалност, одржливост на квалитетот на услугите, доверливост, навременост.

Соработката на ТА Амбасадор со сите светски познати авио компании е долгогодишна и професионална, што на крајот овозможува нашите клиенти да добијат сервис од највисоко ниво.

Дејност авиопревоз
• Брзо, ефикасно и професионално букирање на летови
• Резервација и информација за се што е поврзано со летовите
• Информација за најповолни и најдобри конекции, начини на патување
• Промоции на најдобри понуди
• Понуди на специјални-промотивни летови
• Достава на издадени авио билети
• За поголем број на патници, асистенција при чекирање на аеродром

Дејност туризам
• Понуди на туристички аранжмани во Македонија (инкаминг туризам)
• Понуди на групни и индивидуални пакет аранжмани за сите светски дестинации
• Ученички и апсолвентски екскурзии на сите европски и светски дестинации
• Хотелски резервации за сите светски дестинации
• Организирање на чартер летови
• Организирање на семинари, конгреси, саеми
• Обезбедување на трансфери во и надвор од Македонија
• Рент а кар во и надвор од Македонија
• Групни визирања
• Подготовка на документација за индивидуални визирања
• Патничко осигурување
• Менувачко работење

desno

хотелски резервации

 

 

 
New Page 2 © Амбасадор, 2009-2010. Сите права се задржани. | контакт |